Излезноста на вонредните локални избори во Штип е видно помала доколку се спореди со излезноста на  парламентарните избори кои се одржаа на 15 јули оваа година. Според пресеците кои ги прави Државната изборна комисија, бројот на граѓани кои досега излегле на овие избори е двојно помал од оној на парламентарните на 15 јули.

Согласно податоците на ДИК излезноста на предвремените локални избори во Штип во 9 часот изнесувала 2,94 проценти од вкупниот број запишани избирачи, а за споредба во истиот периот на парламентарните изботи излезноста била 10,06 проценти.

Сличена голама разлика се бележи и за вториот пресек на излезноста во 11 часот. На локалните избори кои се одржуваат денес во Штип е само 8,52 проценти, а на парламентрарните изботи излезноста изнесувала 22 проценти.

Излезноста пак, во 13 часот на денешните предвремени локални избори е 16,61 во споредба со излезноста на парламентрарните изботи од 15 јули која изнесуваше 32,75 проценти.

Ова е двојно помала излезност во споредба со парламентарните избори одржани на 15 јули 2020 година.

Предвремените локални избори во Штип поминуваат во услови на епидемија на Ковид 19 вирус и во услови кога поголем дел од опозициските партии не предложија свои кандидати.

Според експертите и според законот успешни ќе бидат локалните избори доколку на нив гласаат повеќе од една третина од запишаните избирачи во првиот круг. Во спротивно изборите се прогласуваат за неуспешни и постапоката се повторува одново.