Ирска најави дека ќе воведе некои најстроги ограничувања поради ширењето на коронавирусот, што значи ограничување на работата на рестораните и кафулињата, како и движењето на луѓето.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин вчера потврди дека оваа земја ќе се врати на највисоко ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот, која ќе трае шест недели. Тие го подигнаа нивото на ограничувања од сегашното второ ниво на максимално, петто ниво.

За време на првиот бран, еден од најдолгите карантини во Европа беше во Ирска, и сега повторно предничи по строгоста во мерките.. Разликата е во тоа што, за разлика од првиот пат, училиштата сега ќе останат отворени и ќе се дозволат градежни работи.

Новите мерки почнуваат да важат од среда на полноќ и дефинитивно се едни од најстрогите во Европа. Тие исто така ќе вклучуваат затворање на продавници за малопродажба (освен за основни потреби), ограничување на патувањето на граѓаните на пет километри од местото на живеење, а угостителските објекти ќе можат да вршат само достава.