Владата на Србија има план да го упаси Горан Хаџиќ, кој заедно со завчера фатениот Марко Лугоња, би биле доволна гаранција, ЕУ до први октомври да ги започне преговорите со Србија. Овој рок е пресуден за опстанок на владата бидејќи по неговиот истек од коалицијата излегува Г17 плус, а тоа значи распишување предвремени избори.
Горан Хаџиќ е поранешен претседател на отцепениот српски ентитет во Хрватска, кој е обвинет од Хашкиот трибунал, а во бегство е од јули 2004 година. Велат дека се крие во една српска планина.
Во јавноста се смета дека, во отсуство на главниот џокер Ратко Младиќ, ова е последен обид на Коштуница да ја спаси владата и подобри односите со ЕУ и Трибуналот. Во трката со времето, премиерот има и уште една опција: да ја искористи дупката во законот, па да не закаже собраниска седница или истовремо да распише референдум и парламентарни избори.