Ривалите од англиската Премиер лига, Свонси и Бурнемаут, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на легендарниот капите на Челзи, Џон Тери.

Поранешниот репрезентативец на Англија за неколку денови ќе има статус на слободен фудбалер, но се уште нема откриено дали ќе стави крај на својата кариера или ќе продолжи во некој друг клуб.

Централниот дефанзивец веќе има добиено примамлива понуда и од најбогатите клубови во Кина и САД.