x

Две петти места за Македонија на БП во атлетика во Романија

atletika-bp

Изминатиов викенд во романскиот град Клуж Напоха се балканското првенство во атлетика во сениорска конкуренција. На настанот се појавија и четворица атлетичари од Македонија во конкуренција на 12 држави кои учествуваа на шампионатот.

Во првиот дел од натпреварите, нашата репрезентативка Дрита Ислами на трката на 400 метри со пречки го освои 5. место со резултат 1.00.48 минута, додека Јован Стојоски на 400 метри беше шести со резултат 47.51 секунди.

Вчера Дарио Ивановски трчаше на 3000 метри со време 8:22.28 доволно за 5. место, додека Јован Стојоски на 200 метри беше седми со време 21:50 секунди. Стефан Стефановски во фрлање диск го освои 7. место со резултат 39.38 метри.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата