Јавен обвинител и полициски службеници на местото извршиле увид, при што е пронајден еден пиштол. Телата на двете машки лица ќе бидат предадени за обдукција, потврдија од МВР за МИА.

Засега е идентификуван возачот на „Роверот” Светислав Р. (1987) од Кичево, кој вчера бил пријавен и за исчезнат, а се работи на идентификување и на второто лице пронајдено со прострелни рани во автомобилот.

Според првичните сознанија, најверојатно се работи за убиство и за самоубиство.