Две јасни пораки испрати шефицата на бугарската дипломатија на крајот од интервјуто за Велт, кои останаа незабележани поради јадицата на Захариева за Тито, на која кај нас, сите се закачија.

Првата порака е дека Бугарија не е осамена во одлуката за вето, и втората, дека нема да има датум пред Нова година, за време на германското претседателство.

Во германското интервју за “Велт“, на крајот ја прашуваат бугарската министерка за надворешни Екатерина Захариева дали пред крај на годината е можно решение за Северна Македонија, бидејќи претседателството на германскиот совет завршува на Нова година, а таа одговара:

– Ќе го цитирам францускиот претседател, квалитетот е побитен од брзината. Ќе трае онолку долго колку што е потребно, изјави Захариева за Велт, напоменувајќи дека нејзината земја останува еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување – вклучително и за Република Северна Македонија.