x

Две години по пензионирањето Чех се врати меѓу диреците и прими два гола од „деца“ (ВИДЕО)

ceh

Легендарниот чешки голман Петр Чех одново застана меѓу диреците на Челзи, две години откако објави пензионирање. Тој бранеше на тимот на Челзи до 23 години, против Тотенхем У23 во развојната Премиер лига.

Дека не е тој стариот се покажа на овој натпревар. Во првите 20 минути прими два гола, а тој беше индиректен виновник за првиот. Наместо да ја исфрли топката напред, тој им „подари“ корнер на противниците, а потоа Тотенхем успешно реализираше.

Подоцна Чех беше „матиран“ од играч кој има само 16 години.

Но, на крајот неговиот тим го доби натпреварот, славејќи со 3:2. Чех беше вклучен да брани, поради тоа што првиот голман на овој тим ќе биде во конкуренција за првиот тим на „сините“, а правилата велат дека не може да брани на два меча за 24 часа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата