Двата се врзани за национален тим.

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо не ја финишираше 2019 година баш онака како што сакал! Освен што пропуштил да земе уште една Златна топка, асот на Јувентус неодамна изгубил во финале на Супрекупот против Лацио. Во меѓувреме заминал во Дубаи да одмори неколку дена, во хотел каде што една ноќ чинела 25.000 долари, додека 2020 би можела доста повеќе од тоа да му донесе.

Познато е дека Роналдо ја брка ЛШ со Јувентус, поради тоа е и доведен, како и одбрана на европскиот трон со селекцијата на Португалија. Токму во репрезентативниот дрес би можел да ги сруши двата рекорда во 2020 година: Да стане најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата и да стане најдобар стрелец на ЕП.

Роналдо моментално дал 99 гола за националниот тим, пред него има Али Даеи, легенда на Иран кој постигнал 109 гола.

Исто така, Роналдо е рамо до рамо со Мишел Платини по број на голови на ЕП. Двајцата постигнале по девет, со тоа што асот на Јувентус ќе има ова лето шанса да го надмине.

Португалија инаку е во група со Франција, Германија и една од победниците на плеј-оф на Лига на нации.