Европската комисија ги предупредува земјите-членки за опасностa од недостаток на шприцови и заштитна опрема потребна за потенцијално масовно вакцинирање против Kовид-19 и ги повикува да ја разгледаат можноста за заедничка набавка.

Иако се работи на интензивна работа на вакцината против  Ковид-19“, ниту една сè уште не е целосно развиена и одобрена за употреба. Според најновите информации, најблиску до потенцијално решение за проблемот со пандемијата во која досега починаа речиси 700 илјади луѓе, се Велика Британија, САД, Русија и Кина.

Она што загрижува е што, штом се случи, може да има недостаток на шприцови и друга опрема потребна за масовно вакцинирање, предупреди Комисијата на минатонеделниот состанок со експерти од земјите членки.

Комисијата, исто така, ги повика владите на ЕУ да ја разгледаат заедничката набавка на вакцини против грип и да го зголемат бројот на луѓе што се вакцинирани против оваа болест, со цел да се избегне ситуација на истовремена епидемија на грип и коронавирус на есен.