Македонската поп дива Калиопи Букле, во рамките на Денови на македонската музика и култура на 13 и 14 мај ќе одржи концерти во Шведска, односно во Гетеборг и во Малме. Претходно ќе ја реализира песната “Чуда мали” која таа и ја подари на Фондација “Мобимак за Македонија”. Темата е комплетно нејзина, аранжманот на Дарко Димитров. Покрај неа во песната ќе пеат ексклузивците на М2 – Елена, Александра Пилева, Ламбе, Фор плеј, како и Адријан Гаџа, а за истата ќе биде сниман и спот.