Барселона ја заврши катастрофалната сезона со убедлив пораз од Баерн во Лигата на шампионите со 2-8.
Во таборот на каталонскиот гигант се најавени големи промени. Шпански„АС“ ги најави. Двајца фудбалери веќе ги испразниле шкафчињата и повеќе нема да ги видиме во дресот на Барселона.
Станува збор за Иван Ракитиќ и Мартин Брајтвајт, кои заминуваат. Ракитиќ мина шест сезони, одигра 310 натпревари и освои се што можеше, додека пак Брајтвајт дојде зимоска, не се наигра, настапи само на 11 меча.
По вчешраниот дебакл, првиот човек Бартимеу им се извини на навивачите, и потенцира дека пред овој меч веќе почнале со плановите за промени во составот, кои во следните денови се очекува да бидат и официјализирани.