Двајца терористи беа убиени, а еден бил заробен по вооружена престрелка во Џаму и Кашмир, соопштија властите во понеделникот цитирани од „Спутник“. Според полицијата, се верува дека терористите се инфилтрирале од преку Линијата на контрола (ЛК) пред три дена и се упатиле кон областа Шопијан на територијата на унијата.

„Потоа во неделата беше започната операција за пребарување и беше поставен кордон. На терористите им беше понудено да се предадат, но наместо тоа тие отворија оган кон безбедносниот тим, што резултираше во престрелка”, додаде официјален претставник.

„Кај нив запленивме „калашникови“, 300 реденици со АК муниција, 6 шаржери, еден фрлач на гранати, 12 гранати, два мобилни сета и еден сателитски телефон“, се вели во соопштението на полицијата.

Висок полициски службеник изјави за „Спутник“ дека терористите се припадници на терористички групи со седиште во Пакистан, Лашкар-е-Таиба (Лет) и Џаиш-е-Мохамад (ЈеМ) и влегле во долината Кашмир во обид да ги нарушат тековните избори на Обласниот совет за развој (ДДЦ).

Сепак, индиските безбедносни агенции направија соодветни подготовки за одржување на редот и законот за време на изборите.

До денес, неколку кандидати добија закани од терористите, а нападот врз Анис ул Ислам, кандидат на ДДЦ, кој беше застрелан од неидентификувани терористи за време на третата фаза од гласањето, ги разбранува главните политички кругови во услови на негирање на безбедносната поддршка од владата. Локалните избори се први откако Џаму и Кашмир се одделија од Ладах и ги загубија својот квазиавтономен статус и државност минатата година.

извор: Makfax