Две лица од Србија загинале додека се искачувале на планината Лебршник. Нивното исчезнување било пријавено вчера, и по неколкучасовна потрага, припадниците на Службата за планинско спасување на Фоча ги пронашле телата на настраданите планинари на планината Волуџак во пограничната област помеѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Според соопштението на Службата за планинско спасување, информациите за исчезнување на српски државјани се добиени од Републичката управа за цивилна заштита и МУП на Република Српска, а телата биле пронајдени вчера околу 17 часот на 1.700 метри надморска височина.

03.09.2019.godineNa poziv 121 RUCZ i MUP-RS-a dobijamo informaciju o nestanku dva lica iz Srbije.” Oni su bili…

Posted by Gorska Služba Spasavanja Republike Srpske, stanica Foča on Вторник, 03 септември 2019

За планинарите се вели дека се искачиле околу 200 метри по карпите, пренесува „Независне“.

„Тие беа сместени во хотелот Младост во НУ Сутјеска и планираа да се искачат на Лебршник. Црна Гора го презема целиот случај бидејќи тие се наоѓаат на 1.500 метри на територијата на Црна Гора“, објави Службата за планинско спасување на Фоча.

Исто така е пронајден автомобил со белградски регистарски таблички на територијата на планината Волујак, кој најверојатно им припаѓал на повредените планинари.

Сè уште не е познато што довело до овој трагичен настан.

извор: Makfax