Во САД денеска е покренато обвинение против двајца Руси во врска со завера за илегално стекнување пари и имот, преку инсталирање софтвери со вируси на повеќе компјутери.

Според обвиненеито, Максим Јакубец бил лидер на група хакери, додека неговиот близок соработник Игор Турашов извршувал различни функции поврзани со заверата, која наводно почнала во ноември 2011 година, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

извор: Makfax