Здравствен и просветен работник се меѓу новозаболените во Кавадарци, а две лица починаа како резултат на Ковид-19. Оваа информација ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, кој за МИА откри дека починатите се на возраст од 65 и 68 години, појасни Јовановски.

Тој додаде дека изминатите 24 часа евидентирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко. Најмладиот има 16 години, а најстариот е на 81-годишна возраст.

Од Кавадарци се 38 случаи, од Росоман пет, од Неготино седум и од Демир Капија два.

Јовановски додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.