На Клиниката за инфективни болести во изминативе 24 часа починал 50 годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација.

На клиниката за онкологија, пак, починал пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово – 6, Прилеп – 4 и по еден во Тетово, Пехчево, Делчево и Струга.

Министерството воедно информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 38 оздравени пациенти од кои во Скопје-19, во Тетово-3, во Струга-9, во Битола-4 и Гостивар-3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

извор: Makfax