Двајца контролори на ЈСП попладнево, околу 12 часот и 30 минути во автобус на ЈСП со број 2 нападнале момче пишуваа сведоци на социјалните мрежи каде осамна и фотографија на која се гледа како две лица стојат над момче кое лежи долу на подот од автобусот.

„Линија број 2 некаде околу 12:35 часот…двајца контролори на ЈСП буквално со нозе го газеа дечкото. Јас не знам што предходно сторил затоа што се наоѓав на горниот спрат од автобусот (ова се случуваше на долниот) но убеден сум дека ваков однос е во најмала рака кажано е недоличен“, се вели во еден од постовите кои се појавија на социјалните мрежи.

По објавата на социјалните медиумите пристигнаа низа коментари од граѓаните.

извор: Makfax