Двајцата синови на поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, кој беше симнат од власт во 2011 година, се ослободени со кауција по нивното апсење за финансиски малверзации.

Гамал и Ала Мубарак и уште три лица се обвинети дека се стекнале со мнозинство акции во неколку банки преку фирми кои служеле како параван за малверзации.

Тие се ослободени со кауција од 4 700 евра. Гамал Мубарак се сметаше за наследник на претседателското место.

Хосни Мубарак беше ослободен од затвор минатата година. Тој беше осуден за убиство на демонстранти, но и понатаму е под истрага за корупција.

Тој е прв претседател на Египет кој е симнат од власт во текот на уличните протести во арапските земји од регионот познати како „Арапска пролет“. Тој беше на власт повеќе од 30 години.

извор: Makfax