x

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ! Криминалот со СРЦ „Кале“ крие големи малверзации!!!

‼️ „Спортмедиа“ стигна до материјали кои даваат јасна слика дека фирмата на Даниел Димевски на нерегуларен начин се стекнала со концесија на атрактивната локација во центарот на Скопје. ‼️

Даниел Димевски, советникот за спорт во Владата на нашата земја е на удар од антикорупциската комисија. Скандалот со концесијата на СРЦ „Кале“, излезе на површина уште пред десетина дена, кога јавноста дозна за ујдурмите, сплетките и криминалот направен со атрактивната локација во центарот на Скопје и познатиот спортски комплекс. Имено, Димевски и неговата фирма низ редица нерегуларности, злоупотреби на функции и ред други работи, доаѓа до џек-пот и успева да го добие под концесија на 30 години, СРЦ „Кале“.

Следеа деманти, Кошаркарската федерација се огради од Димевски, но разврска се уште нема. Нема смени, оставки, превземање на одговорност… Никој како да нема образ да одговори на многу прашања, иако постои голем милионски интерес и злоупотреби.

И додека Даниел Димевски останува советник за спорт во Владата со месечен приход од 40.000 денари, тој ја има концесијата на СРЦ Кале за смешни 600 евра месечна надокнада, иако претходно за тој објект во чиј состав е и салата, некој плаќал по 3000 евра „рента“ за еден месец.

‼️ „СПОРТМЕДИА“ дојде до нова документација и факти кои произлегоа од демантот на самиот Димевски, но и од суштинските факти кои даваат јасен сигнал дека постојат многу неправилности.

  1. ОГЛАСОТ, е незаконски затоа што во него се бара достава на ЗАТВОРЕНИ писмени понуди и не се предвидува ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ (СЛИКА 1).

Огласот е распишан според Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Р. Македонија, а согласно одредбите од истиот, во член 5 став (1) и (2) е пропишана постапка за спроведување постапка за закуп.

Член 5

(1)       Продажбата у давањето под закуп на деловен простор се врши со ЕЛЕКТРОНСКО наддавање.

(2)       Министерството за транспорт и врски воспоставува, управува и оперира со електронскиот систем за јавно наддавање на деловен простор. За користење на електронскиот систем за јавно наддавање субјектите од членот (2) од овој закон кои ја вршат продажбата на деловен простор, плаќаат надоместок.

  1. Договорот е НЕЗАКОНСКИ и поради времетраењето на договорот за закуп од 30 години, иако во огласот се предвидува закуп на 5 години со можност за дополнителни 5 години.

Од огласот се гледа дека е предвиден закуп на објектите во времетраење од 5 години, со можност за продолжување за дополнителни 5 години (слика 2), но и покрај тоа во незаконскиот договор, времетраењето на закупот е 30 години, односно до 2049 година (слика 3).

По сите овие нови и веќе познати аргументи се поставува прашањето: Како е можно да се добие концесија на 30 години, по оглас кој се однесува на 5 години? Одговорност мора да го има и кај Даниел Димевски, но и кај директорот под чија што ингеренција е СРЦ „Кале“.

Познавачите на приликите, но и поранешни концесионери на овој спортски локалитет во центарот на Скопје, со голем гнев коментираа и зборуваа за овој скандал кој излезе на виделина по отворениот случај на Антикорупциската комисија.

Можеби некој се надева дека пандемијата и коронавирусот ќе спасат некого?! Ова нема и не смее да се заборави. На штета на спортот да се прават малверзации за лични интереси. Планирале хотели, станбени објекти, деловни простории… Секоја чест!

Планирале бизнис, но не и спорт, а добиваат пари од народот. За што советуваат!? За унапредување или за убивање на спортот!? Овој пример кажува дека еден спортски локалитет треба да се претвори во добар бизнис.

Покрај сето ова, во плановите на Даниел Димевски како советник во Владата, е планот за уривање на Васил Тупурковски во претседателското место во МОК и негово устоличување на таа функција. Се поставува прашањето: Можно ли е сето ова по овој скандал со СРЦ „Кале„⁉️

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата