x

Да им вратиме за ремито на домашен терен

makedonija-mlada

Во сенка на она што ќе се случува во Грузија, и финалето од Лигата на Нации на Македонската сениорска репрезентација од 18:00 часот, нашата млада селеција половина час подоцна во Израел ќе го одигра претпоследниот квалификациски дуел од оваа квалификациска кампања.

Домаќинот Израел, пред само неполн месец ни „откина“ бод на домашен терен и тоа нам ни ги расипа плановите. Сакавме до последен момент да бидеме во игра за првата позиција, но ете, тие 1:1 не оставија само во битка за второто место.

А тоа ни е и тоа како важно. Сакаме да го осовиме за да во следните квалификации имаме уште подобар рејтинг се искачиме уште еден шешир погоре во ждрепката и автоматски имаме полесни противници.
За да се случи тоа денеска потребно е да не загубиме. Или како што самиот селектор Благоја Милевски милува да каже, Македонија секогаш мора да оди на победа и да ја носи победнички менталитет напред. Затоа и не се сомневаме дека неговите избраници имаат огромна желба, мотив и инспирација да одиграат фајтерски денес на националниот стадион во Нетанја и да обезбедат бодови кои ќе ни го загарантираат пласманот на второто место. Израел ни е директен ривал во таа намера што ја прави оваа ситуација уште подобра. Зошто? Затоа што самите одлучуваме за нашата судбина.

„Секако дека ќе се оди на поволен резултат, ние не размислуваме никогап поинаку. Израел ни е должник од мечот во Скопје, сакаме да вратиме „мило за драго“ – велат нашите репрезентативци од Израел.

Подобро играме на гостински терен

Ако нешто е добро во оваа ситуација, тоа е статистиката која ни оди во прилог во моментов. Македонија во овие квалификации од четири меча кои ги играше на гости, победи на три и освои одлични девет бода. Ние сме фактички во моментов подобри на гости отколку на домашен терен. Единствен пораз ни е кај Шпанија, лидерот на табелата во групата, а и таму одигравме и повеќе од солидно но немавме среќа.

Проблеми во одбраната

На овој меч нема да можеме да сметаме на стандардните Агрон Руфати и Есмин Личина,м двајцата дефанзивци со голема минутажа во овие квалификации. И обајцата останаа во Скопје поради здравствени проблеми, па на стоперската линија денеска ќе ги имаме Никола Серафимов и Оливер Стојменовски.

Пренос на ТВ каналот Спортклуб

Пренос од мечот во Израел на нашата млада репрезентација за Македонскиот пазар ќе има на спортскиот канал Спортклуб 4 со почеток од 18:30 минути.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата