Францускиот претседател Емануел Макрон од денеска е во дводневна посета на Србија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во разговор за српски Курир наведува дека посетата на Макрон е многу важна за решавање на српско-косовското прашање. Неминовно, новинарот го прашува и дали има подготвено репертоар за францускиот претседател.

Еднаш веќе му пеев во Трст пред две години. Секако, ако се укаже прилика ќе го сторам тоа, само ќе мора на брзина да научам некоја француска песна, на пример,„Шанзелизе“, вели Дачиќ.