Инсистирањето на гласачките ливчиња за локалните избори на Косово да биде логото на Косово може да го доведе под прашање учеството на Србите на тие избори, изјави вчера српскиот премиер Ивица Дачиќ. Тој на новинарите им соопшти дека закажал состанок со амбасадорите на пет влијателни земји и ЕУ, на кој ќе ја пренесе оваа порака.

Не сум забележал дека на гласачкото ливче за избори во Србија пишува Република Србија”. Дефиниран е начинот на кој Косово се претставува и се спроведуваат сериозни процеси на Косово за да се реализира Бриселската спогодба и не можат да поминат евтини трикови со кои се обидуваат да го протнат логото на Косово”, изјави Дачиќ.

Премиерот нагласи дека на мала врата се протнуваат детали кои се од животно значење” и дека со Србија не може така да се игра”.

Ако некој мисли дека нашата слабост е затоа што преговараме, многу се лаже. Или изборите ќе бидат статусно неутрални или ние на нив нема да учествуваме. Дефиниравме дека дијалогот е статусно неутрален”, рекол Дачиќ.

Инаку, државниот врв на Србија и претставниците на Србите од централно и јужно Косово во вторникот постигнаа договор Србите да излезат на локалните избори закажани за 3 ноември. Ова го одбиваат претставниците на Србите од северот на Косово, кои се на став дека со тоа ќе се легитимира независноста на Косово.