Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, побара од обвинителството и судовите да истражат дали Вук Јеремиќ и Борис Тадиќ работеле на штета на српските интереси и дали e вистина оти побарале од Русија да не става вето во ООН во однос на Косово.

Дачиќ ова го изјави по повод документите на руските разузнавачи во кои се наведува дека во ноември 2005 Јеремиќ побарал од Русите да не бидат пречка за независноста на Косово.

Дачиќ изјави дека Јеремиќ во тоа време дејствувал како дипломатски дилетант, а и денес не е сменето ништо.

извор: Makfax