Дарко Рундек откри дали неговата песна „Ена“, која ја изведуваше со бендот Хаустор, всушност е за актерката Ена Беговиќ, како што со години се зборуваше.

„Многу пати ме прашуваа која беше таа Ена. Дали можеби беше Ена Беговиќ, но не … За жал, не беше Ена Беговиќ, но тоа беше одлична тема за разни таблоиди. Мислам, во тоа време многу излегувавме, секоја вечер бевме некаде, се разбира, имаше девојки кои беа во истото друштво… Ми беше мило што можевме да се дружиме, но ниедна од нив всушност не се нарекуваше Ена“, се сеќава Рундек, објаснувајќи зошто Ена.

„Но, добро беше песната да се нарече Ена, бидејќи се римува со жена…” заклучува тој, решавајќи ја мистеријата.

извор: Makfax