Легендарниот напаѓач на Црвена ѕвезда Дарко Панчев и стрелец на победоносниот гол во Бари со кој црно-белите се качија на врв на Европа ја анализирал својата кариера и открил за што најмногу жали и ден денес.

“Моја најголема грешка беше преминот во Интер. Отидов во тимот во многу лоша атмосвера, тим кој игра дефанзивен фудбал. Како стрелец се чуствував без подршка и ме гледаа поразлично, со што имав проблеми и со прилагодувањето. Грешката е само моја, бидејќи имав можност да бирам меѓу Реал и Барселона, Манчестер јунајтед и останатите врвни тимови кои ме бараа во тоа време“, рекол Панчев за “Гол“.

Секако со радост се сеќава на периодот во Црвена ѕвезда.

“Три години бев во Црвена ѕвезда. Во сите сезони игравме многу добар фудбал. Имавме одличен тим и бев гол машина во својот тим“. Дарко се присетил на финалето во Бари…

“Тоа беше комплицирана игра и не баш спектакуларна утакмица. Признавам. Имаше многу мала шанса за гол, големо татктичко внимание на двете страни. Психолошки тешка борба. Поради тоа, нашиот тим кој играше атрактивен фудбал, не играше во свој елемент. Но, најважна беше победата на крај“.

Неможе да го прежали распадот на Југославија, тврди дека таа генерација е една од најдобрите во историјата и дека можела многу повеќе.

“На светското првенство во Италија 1990. завршивме на пето место и тоа беше убава позиција. Но можеби со малку среќа можевме да стигнеме не само до полуфинале туку и до финале. Постои голема тага, и фактот дека соединети сили, со помош на поедини елементи во Југославија, ја унишија таа земја, мислам дека тоа беше најплоден период за фудбалот. Таа генерација беше на пат и сигурен сум дека во текот на една деценија ќе освоевме барем два меѓународни трофеја.

А дека е така се потврдило и на ЕП во 1992 година кога Југославија била најдобра и прва се во квалификувала за овој натпревар, но е суспендирана, на нејзино место доаѓа Данска, која во Шветска се качила на врвот на Европа…

Панчев открил од каде му доаѓа прекарот “кобра“?

“Тој прекар ми го даде тренерот на ЦЅ Љупко Петровиќ, бидејќи, според неговите зборови, во казнениот простор се движев многу брзо од било кого. Тоа го потсетило на реакција на знмии во шума“, порачал Панчев.

Една од најласкавите признанија во кариерата на Панчев е “Златна копачка на Европа“, добиена после антологиската сезона на црвено-бели како најдобар голготер во Европа.

“Секако, тоа ми е посебна награда. Пресреќен сум што сум еден од играчите кои биле најдобри европски стрелци во една сезона. Би сакал во оваа прилика повторно да се заблагодарам на целата наша екипа, на играта која ја создадовме, бидејќи ми овозможи да постигнам толку голови – закчучил Панчев.