Дарко Илиевски има нова опасна другарка! Имено, станува збор за кобра од чија појава многумина би се исплашиле, но не и пејачот на кој омилено животно му е токму змијата.

Дружбата Илиевски ја овековечил и со фотка која ја објавил на социјалните мрежи, а истата за рекордни 24 часа собра илјадници коментари и лајкови, а дел од пријателите беа воодушевени од неговата храброст, додека имаше и такви кои сметаат дека неговиот потег е луд.

Освен што се фотка со змии, Даре напорно работи и во студио каде го спрема новиот материјал кој треба да излезе наскоро.