Дарко Лазиќ се опоравува од тешката сообраќајна несреќа, а откако ги слушна среќните вести дека неговата вереница Марина е бремена и дека ќе стане татко по втор пат, одлучи од корен да го промени својот живот.

-Иако родителите на Дарко се среќни што неговата здравствена состојба се подобрува тие и понатаму стравуваат дека кога ќе излезе од болница би можел да се врати на наркотиците. Заради тоа на повеќе места се распрашувале за рехабилитација, а кога пријателите им кажале за новиот метод на лечење во манастирот Црна Река, они одлучија по било која цена да го убедат својот син токму таму да отиде на одвикнување од наркотици, кажува извор и додава дека Лазиќ дури откако дознал дека ќе стане татко се согласил да започне со лечење.

Иако Дарко за нивниот предлог рекол дека има време и дека ќе размисли за се, неговите родители немаа преголема надеж дека ќе започне да се лечи од зависност. Неколку пати ја избегнувал темата и ги замоли родителите да не зборат за тоа додека не искочи од болница. Сепак, кога Марина му кажала дека е бремена он реши да оди на лечење и побарал од својата мајка да се распраша и да ги собере сите потребни информации, кажува изворот и отркиа дека се ќе биде како што треба.