x

Дарбо и Алварез знаат како (ВИДЕО)

sahkupi

Шкупи – Беласица 3:1 (2:0)

Комлекс Петар Милошевски

Без гледачи

Главен судија: Игор Иванов (Велес) Помошници: Петар Новачев (Велес), Ристо Ѓоргиев(Штип)

Стрелци: Дарбо 28‘, 83‘, Алварез 43‘ (Ш) Ивановски 60‘ (Б)

Ж.картони: Јусуфи (Ш) Серафимовски (Б)

Играч на натпревар: Дембо Дарбо (Ш)

Шкупи: Иљази, Глишиќ (Исмаиљи 77‘), Исени, Адеми (Бериша 46‘), Алварез, Кривањева, Оумар (Јусуфи 57‘), Дарбо, Глигоров, Алии (Билали 77‘), Лима (Иљази 89‘)

Беласица: Ѓоргиев, Коцев, Размоски, Сулев, Калпачки, Митевски, Ивановски, Серафимовски, Стојков, Каланоски, Да Силва

 

Реди тимот на Шкупи победи и собира бодови со кои и натаму е во самиот врв на прволигашката табела, и со самото тоа активен кандидат за шампионската титула.Чаирчани денеска не со премногу мака, дојдоа до победа против Беласица од 3:1, во дуел во кој доминираа интернационалците Дарбо односно Алварез.

И обајцата се запишаа во стрелците со убави голови, уште во првиот дел по што на повидок беше исходот на овој натпревар.

Дарбо, инаку најдобориот стрелец во лигата заедно со Бесарт Ибраими одигра одлично двојно проигрување во 28. минута и пласираше со помош на гредата за 1:0. Фреди АЛварез пак пред крајот на полувремето направи соло пробив и со одличен удар со лева под пречка носи двојно водство.

Во вториот дел уште еден убав гол но на спротивната страна.

Серафимовски беше исфрлен во длабочина, а младиот напаѓач не се мислеше премногу туку од прва шутираше силно и прецизно за 2:1. Сепак, дилемите повторно решени откако Дарбо беше прецизен од белата точка за 3:1, момент кој го донесе и конечниот резултат на овој натпревар.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата