x

Данците имаат уникатен предлог: Драјв-Ин гледање фудбал!

Лидерите на данската Супер лига денеска излегоа со нов уникатен план за своите навивачи кои очигледно во догледно време не ќе можат да стапнат на стадионите поради пандемијата со коронавирусот.

Данскиот клуб Мидтиланд планира уникатен начин како навивачите да учествуваат во текот на натпревари без да бидат присутни на трибините. Имено, челниците на данскиот суперлигаш претставија план со кој ќе им се овозможи на максимум 10.000 навивачи безбедно да бидат близу, но не и на нивниот стадион за време на претстојните натпревари.

Станува збор за „драјв-ин“ модел на следење на натпреварот од автомобилите паркирани пред стадионот на кој на голем видео бим ќе се пренесува мечот кој се игра зад ѕидовите на стадионот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата