x

Данска ќе го бојкотира СП во Катар 2022!

danska-slika

Данската репрезентација во март ќе ги започне квалификациите за СП во Катар 2022. Ривали во групата и се Австрија, Шкотска, Израел, Ф. Острови и Молдавија. Реално Данците ќе се борат за прво место и пласман на Мундијалот, но и тоа ако се случи може многу лесно репрезентацијата на оваа земја воопшто и да не отпатува во Катар.

Имено до парламентот на Данска деновиве стигна петиција од илјадници лица, се со цел се донесе одлука нивната земја да го бојкотира Катар. Според нивните закони секоја петиција потпишана од најмалку 55.000 лица, парламентот мора да ја рагзледа во рок од три месеци.

Според данските медиуми јасно е зошто граѓаните на Данска се толку против Катар.

Имено како прво, Катар, според нив, на многу сомнителен начин ја добил организацијата на Мундијалот, по што изби аферата Катагерјт каде се сомничи дека Катар со мито го купил СП. Втора причина,која Данците ја наведуваат е таа дека Катар воопшто не се грижи за човечките права, се наведува дека стотина емигранти загинале во изградбата на стадионите.

Во секој случај ќе биде доста интересно, ако навистина властите на Данска и забранат на својата репрезентација да патува во Катар, се разбира ако претходно избори пласман низ квалификациите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата