x

Дани Алвес ѝ се понуди на Бока Јуниорс!

Навивачите на Бока Јуниорс се изненадени од желбата на бразилската суперѕвезда Дани Алвес да му се приклучи на клубот од Буенос Ајрес и таму да ја заврши кариерата. Поранешниот фудбалер на Севиља, Јувентус, Барселона и ПСЖ по 15-години во Европа лани се врати во Бразил и потпиша за Сао Пауло.

Сега вели дека би сакал да заигра на култната „Бомбоњера“ пред да ги закачи копачките.

Не би било лошо да се пензионирам во Бока. Знаете дека ја сакам Бока, ама не само зашто се работи за голем клуб, туку за клуб за кој сите зборуваат, за клуб со неверојатна атмосфера, за клуб каде страста е нешто што не се доживува секојпат. Во Бока има работи кои те прават и дефинираат како човек и играч. А, јас сум бил на ‘Бомбоњера’ и само може да кажам дека тоа е вистински храм на фудбалот!“, вели Алвес.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата