Коронавирусот го нарекоа КОВ2 бидејќи е многу близок на САРС КОВ1 односно САРС-от, заболување на белите дробови што беше актуелно 2002 година. Тој тогаш наеднаш исчезна. Заболеа 7-8 илјади луѓе и имаше смртност околу 10 отсто и одеднаш го снема.

Во 2012 се јави друга болест, нивен роднина, во Саудиска Арабија со десетина илјади заболени од кои смртноста беше околу 30 отсто. Сите имаат сличен генетски код. Формата им е во вид на круна и затоа е наречен корона. Овој сега коронавирус има мутирано од првите два, изјави Драган Даниловски раководител на институтот за епидемиологија.

– Ова е така измутиран вирус од една страна да направи тешко заболување, но не толку тешко да ги отрпнува заболените како првиот САРС, но има лесно пренесување, што не беше случај со САРС-от. Во ова семејство на болести се јави коронавирусот кој има карактеристики да не предизвикува толку смртоносни последици како првиот САРС. До сега смртноста е 1 отсто. Заболените не ги убива веднаш, и со самото тоа имаат поголем радиус на движење, вели Даниловски.

Според Даниловски најголем проблем и страв за епидемиолозите претставува тоа што овој вирус носи доста инфицирани, но без симптоми и тоа ги прави лицата подвижни извори на зараза.

– Има доста кои се инфирицарни, но без симптоми. И тие се подвижни извори на зараза. За нас епидемиолозите тоа е најопасното нешто бидејќи не ја знаеме пропорцијата нивна и каде тие луѓе се движат односно каде ја сеат болеста. Тоа прави таа експлозивна проширеност, вели Даниловски.