Даниел Ретклиф ја пронајде љубовта на својот живот! Актерот познат од филмовите за Хари Потер, фрлил око на Пипа Мидлтон, сестрата на принцезата Кејт. Девојката, која блесна на децениската венчавка и ја воодушеви јавноста со елеганцијата и насмевката, го излудела младиот Даниел, така што тој веќе ја гледал како своја идна девојка.

“Тој начисто полуде, би бил пресреќен да ја запознае. Ја забележа на венчавката и оттогаш не престанува да зборува за неа”, кажал извор близок на актерот, кој исто така, додал и дека на Ретклиф воопшто не му пречело што таа е постара шест години, напротив разликата го возбудувала.