Новогодишната забава годинава ќе започне неколку дена порано од 25 до 31 декември ќе има новогодишен волшебен парк со распеани елки, Дедо Мраз, детски работилници и маркет со продажни активности.

Волшебниот парк ќе биде поставен во жена паркот „Борец” и ќе биде отворен секој ден од 11 до 21 часот, а ќе биде поставена и мала бина на која ќе пеат детски и возрасни хорови и други диџеји и бендови.

Исто така годинава за првпат ќе биде организирана и Санта Ран трка која ќе се одржи на 28 во недела со почеток во 12 часот и за оваа цел ќе бидат обезбедени 500 Дедо Мраз костими.

Генерален спонзор на активностите за дочекот на Новата 2015 година се Македонски телеком и Т-мобиле.