Најголемета словачка тениска ѕвезда, Даниела Хантукова, која на актуелното Отворено првенство на Австралија беше елиминирана од Елена Дементиева во 3. коло, а во играта на двојки со легендарната Мартина Навратилова загубија во чевтвртфиналето, своите многубројни обожаватели низ светот, ги изненади со нешто друго. Во јануарското, италијанско издание на престижниот моден магазин “Вог”, таа се појави со десетина прекрасни фотографии, кои само потврдуваат дека покрај тениската, таа има доста успешна и манекенска кариера. Даниела е родена на 2 април 1983 во Попрад, Словачка, меѓутоа моментно живее во Монте Карло. Професионална тенисерка стана во 1999, а најдобриот рејтинг на ВТА-листата го имаше во јануари 2003 година кога беше на петтото место. По елиминацијата од Мелбурн, сега е на 31. место на ВТА-ранг листата.