Антонио Милошоски ги однесе материјалите во обвинителство за да постапува и сега останува на обвинителството, мора да се постапува, мора правдата да се спроведе и за тоа нема цена, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Македонската телевизија. Тој посочи и дека со протестот од Обвинителството до Врховниот суд ВМРО-ДПМНЕ апелира дека во Македонија е дојдено време да завладее правдата.

– Не веруваме дека има кадарни луѓе во судството и обвнителството кои може да одговорат на задачите. Но, очигледно е дека некои не можат да го направат тоа, и тоа е многу евидентно. Сведоци сме дека има сериозни индиции за инволвираност, односно мешање на поранешниот премиер Зоран Заев во судството и обвинителството, и за тоа мора да има разрешница, посочи Данев.

Според Данев правда мора да има и истата не може да има цена.

– Секој треба да одговара, но сведоци сме дека се донесе Закон за јавно обвинителство за да може да се избегне одговорноста. Како и да е индиции за вмешаност на политичари има, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев. Или дека Заев влијаел и вршел притисок врз судството и обвинителството, посочи Данев.