Најпознатата фамилија во моментов на гости во студиото на Еден на Еден. Како реагираат Македонците на улогата на Мали, како Петар ја доби неговата улога и се разбира, дали ќе има втора сезона на „Фамилија Марковски”?

Во недела се дружиме со актерите Силвија Стојановска, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски кои ни откриваат кои беа најинтересните случувања на снимањето на хит-серијата.

Новата епизода на Еден на Еден гледајте ја недела од 20.30 часот на Телма!