Во случај Доналд Трамп да не признае пораз и достоинствено да ја напушти Белата куќа, му се достапни неколку опции.

Поднесување тужба

Доналд Трамп може да поднесе тужба за да се обиде да ги запре ливчињата што пристигнаа предоцна и ливчињата што се проверуваат доцна (т.н. „curing“). Тоа е практика во која гласачите можат да ги посетуваат избирачките места за да ги решат сите проблеми што се појавиле како резултат на дописно гласање или проблеми поврзани со, на пример, заборавање да донесат лична карта за гласање. Трамп може да поднесе тужба за да не бидат земени предвид оние гласови што пристигнаа доцна, но се поставува прашањето дали тоа воопшто ќе му помогне.

Повторно пребројување

Пребројувањето може да се случи ако победата е со мала разлика и ако некој (изгубен кандидат, гласач, група гласачи или друга партија со интерес) побара пребројување. Во 39 држави кандидатот може да побара пребројување на гласовите, а во 12 од нив разликата меѓу кандидатите мора да биде поголема од одреден процент со цел кандидатот да го побара тоа (Делавер, Џорџија, Мисури, Монтана, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Северна Дакота, Јужна Дакота, Тексас, Јута, Вермонт и Вирџинија). Аризона и Тенеси дозволуваат пребројување на гласовите само со судска наредба. Во Масачусетс и Пенсилванија, пребројувањето мора да биде побарано од петиција потпишана од голем број регистрирани гласачи.

Започнува автоматско броење

Автоматското пребројување стапува на сила во 21 држава ако разликата помеѓу двајцата кандидати е премала. Секоја држава утврдува своја разлика, но најчесто разликата треба да биде поголема од 0,5 проценти помеѓу двајцата кандидати.

Да го вклучи Министерството за правда

Луѓето на Трамп може да се обидат да се обратат до јавниот обвинител Вилијам Бар и да го замолат да го вклучи Министерството за правда за да започне истрага за наводни изборни нерегуларности. Адвокатската канцеларија на Трамп веќе испрати писмо до Бар, во кое се жали на исходот во Невада, но досега немаше одговор од Бар и од министерството.

Да го принуди на избор Претставничкиот дом

На Трамп во овој момент му одговара резултатот да биде нерешен (269-269), бидејќи во тој случај претседателот е избран од Претставничкиот дом. Иако мнозинството го држат демократите, претседателот е избран според делегатите на секоја сојузна држава. Републиканците имаат 27 делегации, демократите 22 и 1 е нерешено. На победникот му требаат 26 гласа.

Да предизвика криза во изборниот електорски колеџ

Ако тужбите се неуспешни и судот ги отфрли, Трамп му преостанува да влијае на Изборниот колеџ, кој се состанува на 14 декември кога електорите официјално избираат претседател и потпретседател. Во 17 држави, електорите би можеле да станат неверни и да гласаат за кандидат кој не добил мнозинство гласови во таа држава, со што ќе се сврти резултатот.