Сте завршиле факултет, сте нашле работа, имате партнер, но прстенот и понатаму не сјае на вашата рака? Додека родителите се прашуваат што чекате, објаснувајки ви дека на ваши години веќе имале и дете, вас ви се дига косата на главата…

Има безброј причини поради кои младите се покасно или тешко се одлучуваат да се заколнат на вечна љубов. Желбата за финансиска сигурност, напредување во кариерата, задоволување на некои лични потреби и желби. Претераното чекање, сепак не е добро, предупредува студијата на Универзитетот во Јута и истакнува дека вистинско време за брак е од 27 до 29 години. Ако во брак не стапите во четвртата деценија, имате поголема шанса да се разделите од партнерот, бидејки од 32 години ризикот од развод се зголемува на пет проценти годишно. Има повеќе теории за тоа, една од тие теории е теоријата коај тврди дека што се луѓето постари, толку се помалку спремни за компромиси, до друга теорија која тврди деке во таа доба стапуваат во брак бидејки повеќе немаат алтернатива.

Некои од испитаниците , сепак не мислат дека е потребно да се оптеретуваат со одредниците прерано и предецна. Па според нив некој со наполнети 20 години може да биде спремен за брак, под услов да е емотивно и рационално зрел. Други пак можат да имаат желба за самечки живот многу долго, бидејки спремноста за компромис е скапа цена на она што би го добиле во заедница.
Не постои универзален одговор на прашањето што би требало да се постигне во животот пред бракот. Самечкиот живот има свои доблести бидејки ја имате целосната слобода, а енергијата ја насочувате на исполнување на индивидуални желби и цели. А листата на желби притоа би можела да биде премногу долга. Животот во заедница, брак донесува одговорности за нешто повеќе од индивидуална корист. но и посветеност и внимание на другата особа. Тоа исто така е пријатно на свој начин. Најважна е стабилноста на идентитетот, да чувтсуваме дека сме “свои” да знаеме кои сме и што сакаме, потоа финансиската независност и одговорноста за своите постапки. Ако го имаме ова постигнато, ќе можеме слободно да функционираме во заедница.

ЗНАЦИ ЗА УЗБУНА

* Ако се карате непрекинато, бракот нема да ги реши постоечките проблеми

* И да станува збор за нервоза, подобро е да се откажете од еден “добар” брак, отколку да трпите еден лош

* Не можете да се разберете кога станува збор за децата, религијата и парите

* “Секогаш можеме да се разведеме”. Ако таа реченица ви “ѕвони” во главата или преминува преку усните – вратете го прстенот

Кога ќе се запознеме себе си, врем,е е да го ставиме под лупа партнерот. На списокот на посакувани особини на партнерот за брак често се наоѓа доверливоста и псремноста за компромиси. Но и тука луѓето се разликуваат.

На некого повеќе ќе му се допаѓа недоверлив, а возбудлив партнер. Некој, од друга страна е многу прилагодлив, па неспремноста на компромис нема да му смета ако партнерот има други интересни особини. Она што е навистина важно е чувството за складност и функционирањето на партнерот, како танцување на пример. Две особи можат да танцуваат совршено, лесно, како на облаци, но и трапаво, газејки и гурајки се еден со друг. Секако, постојат и двете ситуации кај ист пар, но важно е почесто да се јавува фазата каде партнерите се ускладени.

Пред да се одлучите да стапите во брак, важно е сериозно да разговарате со партнерот како не би завршиле како Џулија Робертс во романтичната комедија “Бегалка”. Препорака е на менито од исцрпниот разговор да се најдат и вашите навики , особините, животните вредности, планови и очекувања од иднината, комуникацијата, темите кај кои најчесто се судрувате и начин на решавање на истите. финансискиот статус, стамбеното прашање, потребата за приватност и други фактори кои значајно влијаат на животното задоволство.

Доколку после таков разговор, двајцата препознавате можност за среќен, но не и идеален заеднички живот, чувствувате заедничко разбирање, како и желба за посветеност и компромиси, би можело да се каже дека сте спремни. Ако сакате уште поквалитетен показател, после разговорот поминете уште малку време размислувајки, со што би биле сигурни дека одлуката не е плод на моментот. Целосната спремност ќе ја препознаете ако сте свесни дека одлуката е важна, и дека сте одговорни за неа, а истовремено чувствувате мир.
Значи, браковите склучени на брзина, после почетната заљубеност не ветуваат, Но ни предолгото испитување не е добар знак.

Преиспитувањето е пожелно во некој период. Ако се одолжи премногу, тоа може да значи и дека партнерот не е за нас или сме особа која се преиспитува бескрајно долго и има страв од грешки при донесување на било која одлука. Умерената количина на страв и трема е нормална. Сепак станува збор за голема одлука, Но, преголемиот страв укажува дека партнерот дека партнерот не е за нас или се уште не сме спремни за тој чин. Во двата случаи, не треба да се оди против самиот себе. Можности има безброј и постојат само избори кои помалку или повеќе ни се пријатни.

ТЕЛОТО ИСПРАЌА ЦРВЕНИ СВЕТЛА

Некогаш сме толку добри во убедување на самите себе дека сакаме брак дека сме склони да ги игнорираме сигналите кои ни укажуваат дека не сме спремни за тој чекор. Ако секој пат се разболите кога барате венчален фустан, добиете температура кога треба да го погледнете просторос за свадба или договорите други детали околу церемонијата, застанете. Можеби сте премногу исцрпени или возбудени, но можеби на овој начин телото ви укажува дека не ја носите вистинската одлука.

ПОБАРАЈ МЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ

Некогаш паровите во просек се забавувале две години пред да се одлучат да стапат во брак, денес се потребни три, Проблем се појавува кога еден од партнерите сака да го продолжи забавувањето, а другиот, најчесто жената, се прашува, кога веќе еднаш ќе ме побара за жена. Наместо ултиматуми, психолозите предлагаат разговори со партнерот. Најчесто тоа е доволно, бидејки истражувањата покажуваат, мажот е тој кој го поставува прашањето “Сакаш ли да се омажиш за мене”, жената најчесто иницира разговор за бракот. Ако вашите очекувања и ставови за бракот се разликуваат, можеби е подобро среќата да ја побарате на друго место.