Додека музичарите имаат забрана за настапи по угостителските објекти, граѓаните реагираат дека воо трговските тие слободно си свират. Таков е случајот со „Сити Мол“ за се споделуваат фотографии како музички беенд ги забавува гостите.

Од државниот пазарен инспекторат го провериле случајот и не го затекнале бендот на лице место, па ппоради тоа дадоа само опомена да не се повтори.

Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски најави строга казна доколку се повтори настап во живо во трговскиот, затоа што на сила е забраната за настапи на музички уметници на отворен и во затворен простор, објави А1он.

Ќе го затвориме целиот трговски центар доколку им се повтори да настапува бенд во живо. Инспекторите веднаш по дојавата отидоа на лице место, но забавата со бендот била завршена. Разговарано е со директорката која објаснувала дека уметниците седеле и дека имало контрабас, а не знаеле дека и такви настапи се забранети. Бидејќи не затекнале прекршување, инспекторите на директорката и објасниле дека секаков вид јавни настапи на уметници се забранети и укажале дека доколку им се повтори јавен настап, ќе го затвориме трговскиот – вели директорот Пауновски.

Проблемот настанал кога три девојки качени на бина со новогодишни песни ги забавувале купувачите во „Сити мол“.

Забраната за јавни настапи на уметниците, на отворен и на затворен простор е на сила од 21 октомври.