Долгогодишен семеен лекар на Диего Марадона даде свое мислење во врска со смртта на фудбалската легенда, што се сведува на фактот дека фудбалерот немал соодветна грижа, но и толку многу пропусти во третманот што се повеќе се чини дека тој извршил самоубиство поради небрежност.

Алфредо Каје, лекар кој се грижел за здравствената состојба на Диего Марадона од 1977 до 2007 година, вели дека неговата смрт била предизвикана од „некаква форма на самоубиство“. Легендарниот фудбалер почина на 25 ноември годинава, откако претходно имаше операција на мозокот.

Каје претпоставува дека Марадона станал депресивен по операцијата и дека по своја одлука престанал да јаде и да зема лекови. Како што истакна, жената со која живеел на Марадона му рекла дека Аргентинецот е „болен од живот, не гледал зошто треба да оди понатаму“.

– Вероника Охеда, со која Диего има дете, ми рече дека Диего е уморен од сè и дека не може повеќе затоа што направи се што можеше – рече Каје.

Последните денови од животот Марадона ги помина во просторија во неговата куќа во Аргентина. Тој потврди дека Марадона претходно се обидел да изврши самоубиство, на Куба, кога удрил со својот автомобил во автобус, но излегол од несреќата без сериозни повреди. Каје додаде дека потоа го прашал Марадона дали навистина сака да си го одземе животот.

– Можеби еден ден, кој знае – беше одговорот според докторот.

Каје зборуваше и за условите во болницата каде што беше опериран Марадона.

– Рано беше пуштен на домашно лекување, стануваше збор за неодговорност, незнаење и неискуство. Не видов дека тој е под будно внимание, не забележав дека се справија како што треба – истакна Каје.