x

Дали првенството е пред целосен прекин? И Марзет и Доналдсон го напуштија Еуринкел односно Гостивар

marzet

Американските кошаркари кои настапуваат во македонските кошаркарски тимови вечерва ја напуштаат нашата земја. Ова е последна шанса да се вратат кај своите семејства, откако Владата донесе одлука да ги затвори сите копнени граници и да го затвори скопскиот аеродром.

По Амриканците во Работнички, ФМП и МЗТ Скопје, куферите ги спакуваа и Алекс Вашингтон Марзет од Еуроникел и Донован Доналдсон од Гостивар. Челниците на клубовите очекувано им дозволија да си заминат со оглед на моменталната ситуација со коронавирусот.

Пред кратко време пишавме дека актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје ги пушти сите странски кошаркари. Сигурно ситуацијата не е поразлична и во останатите клубови.

Сето ова води кон едно, мак-првенство е пред целосен прекин, екипите не тренираат, ниту пак ќе можат тоа да го сторат. Салите, стадионите се затворени, во овој момент сите можат само индивидуално да ја одржуваат формата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата