Како ќе се оди на одмор летово е едно од најчестите прашања кои ги мачат македонските граѓани откако започна пандемијата на коронавирусот. Италијанската компанија „Нуова Ноон“ понуди нов концепт што ќе овозможи социјално дистанцирање на плажите во време на пандемија од коронавирус.

Нивната идеја се состои од затворени прегради изработени од плексиглас, во кои луѓето ќе можат да уживаат на сонце на безбедно растојание едни од други. Кутиите се дизајнирани да им овозможат на одделни групи луѓе да избегнуваат интеракција со другите посетители на плажата.

Коцките се долги два, а широки четири и пол метри и внатре можат да се стават два чадори, така што има малку простор за движење.

Реакциите не се премногу позитивни, но во секој случај, засега целата летна сезона е сериозно доведена во прашање.

Невозможно е, според мое мислење. Не знам за сите плажи во Италија, но ова решение е невозможно да се спроведе насекаде заради топлината што ја испушта плексигласот, вели Лука Паолило, претседател на „Bagning Riviera del Conero“.

Тој додава дека на некои плажи постојано има ветер, па постои опасност тој да ги „однесе“ коцките.

Се очекува првите пратки од овие коцки да пристигнат за три недели,а потоа дали и другите туристички земји како Грција дали ќе ги применат овие прегради