Откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги откри имињата на кандидатите за министри во новата влада, незадоволството и револтот во интегративците не престанауваат. Револтот, според изворите на новинската агенција Журнал во оваа партија, е поврзан со кандидатурата на Артан Груби за вицепремиер, додека најгласно критикуваат се ограноците на Чаир и Сарај.

Но, покрај неколкуте ограноци на ДУИ кои отворено изразија незадоволство за предлогот Груби да биде вицепремиер, и поранешните војници на УЧК исто така изразија голем револт во врска со оваа кандидатура, и непочитувањето на претседателите на ограноците околу предлозите на имиња за кандидати за министри. Многу поранешни војници на УЧК вчера и јавно на социјалните мрежи предупредија дека доколку раководството на ДУИ не рефлектира околу предлозите за министри, може да се случи да во партијата да има фракција.

Жестока дебата се одвива на социјалните мрежи каде активисти и симпатизери на партијата јавно го изразуваат својот револт, покажувајќи разочарување за некои од предлозите за министри од страна претседателот Али Ахмети.

Но, новинската агенција Журнал, од сигурни извори во ДУИ, дознава дека покрај скопските ограноци, незадоволство изразија и некои други ограноци на партијата, како што се Кичевскиот, Струшкиот, Гостиварскиот и други.

Како што дознава Журнал, претседателите на неколку ограноци како што се  ДУИ-Чаир и ДУИ-Сарај кои ги спровеле изборните активности и кои се избрани, воопшто не биле повикани на консултации па ги повикале овие кандидати да ги почитуваат гласачите и политичките активист активистите и да ги одбијат овие функции.

Од овие ограноци, според истите извори, се вели дека претседателот Али Ахмети не ги почитува партиските правила, а уште помалку претседателите на ограноците кои ја донесоа победата на 15 јули, а особено победата во скопските општини.