x

Дали има „дил“? Манчестер Сити понудил 70 милиони евра (плус бонуси) за Кулибали

kulibali

Во Италија се зголемуваат информациите дека Манчестер Сити ќе ја зголеми својата понуда за Калиду Кулибали од Наполи на 70 милиони евра, плус бонуси. Ова може да го натера Наполи да „загризе“, бидејќи овие пари Италијанците можат да ги искористат за да го купат Габриел од Лил, за чиј потпис се во лута битка со Арсенал.

Според најавторитетните медиуми, понудата од Манчестер Сити се уште не е пристигната, но истата била најавена во меѓусебна конверзација од двете страни. Се очекува истата да стигне во просториите на Наполи најдоцна за 48 часа.

Истата ќе биде во вредност од 70 милиони евра, плус 5-6 милиони евра во бонуси, доволно близу до 80 милиони евра колку што Наполи бара за слободата на дефанзивецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата