Ѓурѓовден се смета за граница меѓу зимата и летото и овој празник е врзан за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…
Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд летото ќе биде сушно. Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

На овој ден не треба да се спие, за цела година да не сме поспани и да не не боли глава. Во селата своевремено на Ѓурѓовден се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили. За да бидат здрави и силни луѓето се кителе и со цвеќе.