Дали знаете во кој хороскопски знак има најмногу милијардери?!

Откако го проучувале рангот на милијардерите на „Форбс“, вклучувајќи го и последниот, експертите заклучиле дека повеќето богати се раѓаат во знакот на вага.
Покрај милијардерите, во овој хороскопски знак има и многу познати личности, а некои од нив се Ким Кардашијан Вест, Вил Смит, Кетрин Зета-Џонс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, Гвен Стефани, Зак Ефрон, Еминем, Мет Дејмон, Кејт Винслет, Серена Вилијамс и многу други.
Мирната и интелигентна вага ги предводат славните и богатите, а потоа по неа следуваат рибите, раковите, биковите и лавовите.
На дното на скалата на најбогатите знаци и оние со статус на ѕвезда се девица, стрелец и јарец.