Министерот Оливер Спасовски објави дека е позитивен на коронавирус истиот ден откако имаше активност заедно со премиерот Зоран Заев, додека претходниот ден имаше и партиски активности.

Спасовски вчера заедно со Заев кај езерото Младост во Велес учествуваше на настан на кој засади дрво.

Денеска во околината на Велес во близина на езерото Младост се приклучив во акцијата „Засади 75 дрвја за 75-годишнината“ во чест на 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации, во присуство на официјални претставници на Обединетите нации, дел од дипломатскиот кор и официјални претставници на институциитеОваа 2020 година ја донесе една од најголемите здравствени кризи во изминативе неколку децении, сепак годинава е значајна за нас, бидејќи семејството на Обединетите нации слави 75 години од своето основање“, напиша Спасовски.

Иако беше наведено дека се носеа маски и се почитуваат протоколите, од објавените фотографии и не изгледа баш така.

Денеска во околината на Велес во близина на езерото Младост се приклучив во акцијата „Засади 75 дрвја за 75-годишнината“…

Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 26 октомври 2020

На настнот, покрај премиерот Заев, присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, како и со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја.

Воедно еден ден претходно се одржа дигиталниот конгрес на СДСМ, на кој Спасовски и функционери на СДСМ и на Владата, вклучително и премиерот Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, беа во затворена просторија, но со почитување на протоколите и носење на маските.

Надлежните треба да кажат кој се ќе оди во изолација и дали има потреба од тоа.

Ова се Одлуките од денешниот 25. Конгрес на #СДСМ, ова се нови стандарди, нови исчекори што како одговорна и…

Posted by Oliver Spasovski on Недела, 25 октомври 2020