По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на коронавирус премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми заминаа со домашна изолација, откако  на 15-ти месецов одржаа состанок на кризниот штаб на Куманово.

И покрај средбата со Димитриевски, претседателот на Комисијата за заразни болети Жарко Караџовски утврдил дека претставниците на владата биле на растојание на повеќе од 2 метри  и констатирал дека немаат ризик за трансмисија и записникот го потпишал лични самиот, иако и тој беше дел од состанокот во Куманово со  Димитриевски.

Секаде во светов па и во Македонија препораката е 14 дневна изолација после контакт со лице заразено со Ковид-19, освен за Караџовски кој пред една недела ги обвини дел од здравствените работници во земјава дека се заразени бидејќи не ги почитуваат протоколите за облекување и соблекување на заштитната опрема.

Сепак и покрај ваквата препорака на Караџовски владините претставници одлучија  да останат изолирани во своите домови, но единствено се уште нема информација дали Жарко Караџовски се изолирал и самиот себе си пишал што да прави и се потпишал на сопствениот записник за себе?